Дома Македонски спорт Мак фудбал Бомба од Тетово: Давид Бабунски доаѓа во Шкендија?!

Бомба од Тетово: Давид Бабунски доаѓа во Шкендија?!

Тимот на Шкендија полусезоната во македонското првенство ја заврши на првата позиција и е главен фаворит за титулата. Во јануарскиот преоден рок Шкендија би можела и дополнително да се засили.

Имено, според информациите на порталот „Инфоспорт.мк“ Шкендија е блиску да го доведе поранешниот репрезентативец на Македонија Давид Бабунски.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Бабунски неодамна го раскина договорот со Ботошани и во Тетово би пристигнал како слбооден играч. Како што се наведува договорот со играчот е постигнат и се чека само официјализизација. Доколку потпише за Шкендија, Бабунски секако би бил огромно засилување за тимот на Ернест Ѓока.

Како што е познато Бабунски беше дел од младинските категории на Барселона кога Каталонците ги предводеше Пеп Гвардиола, потоа играше за Црвена Звезда, па епизода во Јапонија, а во Европа се врати во Ботошани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…