Дома Македонски спорт Мак ракомет „Бомба“ од Битола: Ракометар на Алборг потпиша за Еурофарм Пелистер!

„Бомба“ од Битола: Ракометар на Алборг потпиша за Еурофарм Пелистер!

Во Битола денес е претставено големо засилување – Еурофарм Пелистер потпиша со ракометарот на Алборг Себастијан Хенеберг.

Од клубот истакнаа големо задоволство што имаат прилика да доведат такво засилување.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Особено задоволство ни претставува што денес можеме да го претставиме првиот дански ракометар кој ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер.

Нов член на нашиот клуб е Себастијан Хенеберг, кој потпиша договор до крајот на сезоната и веќе го започна тренажниот процес со новата екипа. 28-годишниот Хенеберг доаѓа во Битола од данскиот првак Алборг и игра на позициите лев и среден бек. Висок е 197 сантиметри, тежок 101 килограм и неколку години по ред настапува во Лигата на шампионите“, соопштија „пелистерци“.

Хенеберг блесна во Силкеборг и Архус и во сезоната 2019/20 потпиша за норвешкиот првак Елверум. По една сезона во овој клуб и сите освоени трофеи, потпиша за Алборг, од каде што доаѓа во Битола.

Неговото деби се очекува следната недела на натпреварот против Пролет од седмото коло на групата Б на Суперлигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…