Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека пристигнала богата понуда од Островот за Кристиано Роналдо и дека Јувентус е спремен да ја прифати.
Наводно на адреса на Јувентус пристигнала понуда од 120 милиони од Челзи. Сопственикот Абрамович ќе го искористи пријателството со Жорге Мендеш за да го донесе Португалецот на „Стенфорд Бриџ“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јувентус е спремен да ја прифати понудата со оглед на фактот што Роналдо има 35 години и ова е последна шанса „старата дама“ да заработи голема сума на неговото заминување. Притоа, ќе може да се ослободи од високата плата, а клубот има финансиски загуби поради пандемијата.
Италијанските медиуми објавија дека „старата дама“ ќе се обиде да ги намали договорите на играчите за следната сезона, сето тоа заради пандемијата на коронавирус.
Челзи минатата година не беше активен на трансфер пазарот поради суспензија, па ова лето е спремен да потроши голема сума.
Притоа, има играчи за трампа кои се интересни за Јувентус како Жоржињо, Канте, Емерсон Палмери…
Reports: Chelsea to launch €120 million bid for Cristiano Ronaldo https://t.co/R6u6J0NgBv
— blenda (@newsblenda) June 16, 2020