Според последните информации во медиумите во Србија, екипата на Црвена Звезда работи на голем трансфер.
Во финишот од преодниот рок црвено-белите наводно би можеле да го доведат Марко Арнаутовиќ. Арнаутовиќ има 35 години и во минатото не криеше дека е голем навивач на Црвена Звезда, а во една прилика истакна дека би сакал кариерата да ја заврши токму на „Рајко Митиќ“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според информациите од Италија, Арнаутовиќ добил можност како слободен играч да го напушти Интер.
Сепак, овој искусен фудбалер не сака се откаже од договорот кој му гарантира плата од 3.7 милиони евра годишно. Сума која во Белград сигурно нема да ја добие.
Арнаутовиќ одржал состанок со управата на кој му било порачано дека ако остане во Милано ќе биде четврта опција во нападот зад: Лаутаро Мартинез, Маркус Турам и Мехди Тареми.
Останува до крајот на преодниот рок да се проследи дали ќе биде пронајдено решение кое би им одговарало на сите страни. Низ кариерата досега Арнаутовиќ играше за: Интер, Шангај Порт, Болоња, Твенте, Вест Хем, Вердер и Стоук. Дресот на репрезентацијата на Австрија го носеше на 116 натпревари во кои постигна 37 гола.