Македонската фудбалска репрезентација на почетокот на следниот месец ги продолжува квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година.
Нашата најдобра репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ ќе одигра два натпревари. Најпрвин се соочуваме со Ерменија на 2. септември, а на 8. септември ја пречекуваме Романија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа утврдени цените на билетите за двата домашни натпревари на македонската А репрезентација.
Цената на влезница изнесува 300 денари за натпревар.
Капацитетот на Националната арена „Тодор Проески“ е ограничен согласно мерките утврдени за заштита од коронавирусот и протоколот на УЕФА за присуство на гледачи на трибините.
МАКЕДОНИЈА – ЕРМЕНИЈА
Скопје, Национална арена „Тодор Проески“, 02. септември 2021., 20:45 часот
Влезници по цена од 300 денари преку продажната мрежа на MKTickets
МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА
Скопје, Национална арена „Тодор Проески“, 08. септември 2021., 20:45 часот
Влезници по цена од 300 денари преку продажната мрежа на MKTickets
Согласно официјалната одлука на Владата на натпреаврите е дозволено присуство единствено со приложување на еден од следните документи:
– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест
– Сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Не се однесува на лица под 18 годишна возраст.