Дома Фудбал Репрезентации Бизарно: Паднал од велосипед и ќе го пропушти Европското првенство

Бизарно: Паднал од велосипед и ќе го пропушти Европското првенство

Еден од најискусните фудбалери од репрезентацијата на Чешка, Михал Садилек ќе го пропушти Европското првенство во Германија.

Сандилек се повредил возејќи велосипед од кој паднал и си ја скршил ногата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„За жал Садилек падна додека возеше со својот велосипед и се здоби со расекотина на ногата. За нас ова е сериозен удар бидејќи станува збор за еден од нашите најискусни играчи. Против Малта затоа и беше наш капитен“, изјави селекторот на Чешка Иван Хашек.

Во тој натпревар против Малта, Садилек ги одигра комплетните 90 минути, а неговата репрезентација славеше победа од 7:1. Изминатата сезона прикажуваше солидни настапи во холандски Твенте.

Ќе потсетиме, Чешка утре 18:00 часот ќе игра против Македонија и тоа за нив ќе биде последна контролка пред Европското првенство кое стартува на 14-ти јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Јувентус се договори со младинец на Барселона за летото, но го сака уште сега

Во Јувентус се договориле со десниот бек на Селта, Оскар Мингеса, за неговото доаѓање во к…