Ова навистина беше неочекувано…
Шампионот на Европа со Португалија, беше прогласен за „Златно момче“, најдобар млад фудбалер во Европа, а Баерн плати огромна сума на Бенфика за него, претпоставувате станува збор за Ренато Санчез.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сите очекуваа да биде во прв план во Баерн, но не се снајде најдобро. Не добиваше прилика да игра, а оваа сезона беше испратен на позајмица во Свонси, но ниту во Премиер лигата не се докажа.
Токму поради тоа Свонси сега сака да го раскине договорот со него и да го врати во Баерн. После само пет месеци.
Во Свонси оваа сезона одигра 10 натпревари, девет во Премиер лигата, но не постигна ниту еден погодок.