Дома Фудбал Лига на шампиони Бенатиа после Мадрид: Ми се згади фудбалот!

Бенатиа после Мадрид: Ми се згади фудбалот!

Дефанзивецот на Јувентус, Мехди Бенатиа беше еден од главните актери на реванш дуелот од ЛШ против Реал Мадрид.

Мароканецот во 93-та минута, според мислењето на судијата Оливер, го фаулираше Лукас Васкез, по што беше досуден пенал кој Роналдо го претвори во гол.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Горд сум на својата игра и на враќањето на Јувентус, но ми се згади светот на фудбалот. Можеби е грубо тоа што го кажав, но кога ќе го направите тоа што успеавме да го направиме ние, судијата не смее да досуди според пенал во 93-та минута“, смета Бенатиа.

Со тој гол Реал успеа пред продолженијата да обезбеди пласман во полуфиналето од Лигата на шампиони.

„Требаше мечот да замине во продолженија. Доколку направев прекршок, искорено ќе признаев. Направив се за да не го допрам Васкез. На крајот на краиштата фудбалот е спорт каде постојат контакти. Грозно се чувствувам, лошо ми е, но тоа е животот, тоа е фудбал“, додаде Бенатиа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Арсенал се подготвува да влезе во трката за талентот на Јуве. Цената надминува 100 милиони евра.

Англискиот гигант Арсенал се подготвува да се натпреварува со Реал Мадрид за потписот на т…