Дома Фудбал Италија Батистута: Во Реал и Милан ќе постигнев 200 гола, но ќе ми беше досадно!

Батистута: Во Реал и Милан ќе постигнев 200 гола, но ќе ми беше досадно!

Легендарниот аргентински голгетер Габриел Батистута е горд на одлуката да му каже НЕ на некои од европските гиганти.

Легендата на Фиорентина за американските медиуми откри интересни детали од својата кариера и потврди дека имал понуди од Реал Мадрид и Милан, но ги одбил за да остане во Фиренца.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Никогаш не уживав да бидам ѕвезда. Не го сакав тоа затоа што кога сте ѕвезда вие веднаш сте во центарот на вниманието и треба да превземете поголема одговорност. Добив многу понуди од Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, Милан…Но јас го сакав мирното играње за Фиорентина. Доколку направев трансфер во Реал Мадрид ќе постигнев повеќе од 200 голови и ќе ми беше досадно“, тврди Аргентинецот.

„Слична ќе беше ситуацијата и во Милан. Без разлика што не освоив некој голем трофеј се сметам себе си за победник бидејќи и помогнав на Фиорентина да биде конкурентна со европските гиганти“, заклучи Батистута.

Како фудбалер, Батигол освои само едно Скудето и тоа како играч на Рома во 2001 година.

„Точно дека никогаш не освоив некој голем трофеј, како тој во Лигата на шампиони. Сепак, јас се доживувам како победник. Зошто? Затоа што и помогнав на Фиорентина да се надигрува со големите клубови. И тоа е голема работа“, изјави Батистута.

Oсвен за Фиорентина каде што настапуваше од 1991 до 2000 година, Батистута го носеше ресот на Њуелс Олд Бојс, Ривер Плата, Бока Јуниорс и Ал Араби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…