Барселона се ослободи од Фелипе Кутињо кого Астон Вила го откупи, но нов проблем би можел да биде Французинот Антоан Гризман.
Според информациите од Шпанија, Атлетико Мадрид нема намера да го откупи договорот на Гризман и смета дека клазулата поставена од 40 милиони евра во договорот е превисока. Гризман во јуни 2019 гоидина од Атлетико се пресели во Барселона за 120 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во Барселона Гризман никогаш не успеа да ја достигне формата со која настапуваше во Атлетико. Во јануарскиот преоден рок тој се врати на „Ванда Метрополитано“ како позајмен фудбалер, меѓутоа и тука не успеа да ја врати старата форма.
Проблем за Гризман беше и повредата поради која три месеци беше надвор од терените.