Дома Актуелно Барселона се ослободи од најлошото засилување во историјата: Чинеше милион евра по натпревар?!

Барселона се ослободи од најлошото засилување во историјата: Чинеше милион евра по натпревар?!

Барселона една година со сите сили се трудеше да му најде нов клуб, а тој одбиваше, среќен што седењето во вип ложата на „Камп Ноу“ му беше платено 9 милиони евра.

Арда Туран оваа сезона ниту еднаш не заигра за Барселона, а на тренинзи се појави само неколку пати. Неговата појава тогаш покажуваше дека оди постојано во казино и клубови, а не во теретана или на терен. Запуштен и демотивиран, уживаше да заработува богатство, а да не прави ништо.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона сфати дека играч со такви перформанси и договор никој нема да купи и дека нема шанси да врати барем дел од 35те милиони евра, колку што го платија летото 2015. година, кога уште изгледаше и играше како професионален фудбалер.

Затоа по начелото „што е нека е“, Барселона прифати две и пол годишна позајмица во неговата земја. Во Истанбул Башакшехирспор, лидерот во турското првенство, премина Туран до летото 2020. година и истекот на договорот со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Клоп имаше што да му порача на својот наследник

Tренерот на екипата на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека го радува фактот што Арне Слот би…