Барселона во последниот ден од преодниот рок се обиде да го донесе Дани Олмо на „Камп Ноу“, но трансферот не се реализираше.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанската „Ла Секста“ објави дека Олмо веќе има договор со Каталонците и дека Барселона ќе се обиде да го реализра трансферот во јануари.
После заминувањето на Гризман, Барселона испратила понуда од 75 милиони евра за Олмо, но Лајпциг ја одбил.
Барселона не се откажува и ќе се обиде да го донесе Шпанецот во јануари.
Олмо е дете на Барселона играше за младинските селекции на овој клуб во период од 2007 до 2014 година кога се пресели во Динамо Загреб, а моментално блеска во дресот на Лајпциг.