Дома Трансфер зона Барселона и Реал се „тепаат“ за 15-годишен Бразилец

Барселона и Реал се „тепаат“ за 15-годишен Бразилец

Ендрик Филипе Мореира е новиот голем бразисли талент за кого експертите предвидуваат дека ќе биде нова голема фудбалска ѕвезда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за фудбалер на Палмеирас, кој има само 15 години се уште не дебитирал за првиот тим. Ендрик сепак го привлече вниманието на многу европски гиганти, а во моментов важи за најголем талент во Бразил.

Главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Реал Мадрид и Барселона, а Каталонците веќе почнале да работат на трансферот.

Ендрик во јули ќе наполни 16 години и ќе може да потпише професионален договор, а Барселона сака да го купи и да го остави уште две години во Палмеирас.

Така трансферот на „Камп Ноу“ треба да се реализира во 2024 година, кога фудбалерот ќе има 18 години, а до тогаш ќе игра во Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…