Барселона во јануари за 30 милиони евра го обезбеди потписот на Франсиск Тринкао, фудбалерот кој игра за Брага.
Овој фудбалер е еден од најголемите таленти и во Барселона од него имаат големи очекувања.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Барселона го откупија неговиот договор и го оставија во Брага на позајмица до крајот на сезоната и од наредната ќе се приклучи на тимот.
Сега се појави информација дека само неколку дена откако Барселона го откупила Тринкао се јавил агентот на фудбалерот, Жорге Мендеш и понудил 45 милиони евра за да го откупи договорот на својот клилент.
Очигледно брзо се јавил некој клуб кој нудел повеќе пари, можеби и подобри услови за играчот, но Барселона веќе си ја завршила работата и ја одбила понудата на Мендеш.
Навистина една чудна ситуација која не се случува така често во светот на фудбалот. Барселона имала прилика лесно да зарабтои 15 милиони, сепак поважни им биле некои други работи од профитот.