Дома Фудбал Италија Барселона го изградила како личност, но негов сон е да биде тренер на Реал Мадрид

Барселона го изградила како личност, но негов сон е да биде тренер на Реал Мадрид

Пепе Реина е резерва на Донарума оваа сезона и тоа нема да се промени (ако Донарума остане во Милан).

Шпанскиот голман оваа сезона пристигна во Милан каде што е резерва на помладиот колега, Донарума.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Реина со таквиот статус нема никаков проблем, го знаеше тоа и пред да дојде во Милано.

Искусниот голман веќе има 36 години и размислува што ќе прави после завршувањето на кариерата. Имајќи предвид дека потпиша договор на три години, многу веројатно е дека Милан ќе биде неговиот последен клуб во играчката кариера.

Сега Реина откри дека со сигурност ќе стане тренер после заминувањето во играчка пензија.

„Сакам да уживам во наредните три години, а потоа ќе учам за тренер. Дали би го тренирал Реал Мадрид? Ако имам прилика секако. Постојат тимови како Барса која ме формираше како играч и личност, но Реал е сон на секој тренер“, откри Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сити испадна од Лигата на шампионите, а денес Пеп одлучи да потроши 100 милиони на ново засилување

Пеп Гвардиола ниту оваа сезона не блеска многу со Манчестер Сити, а нов удар пристигна во …