Во Борусија Дортмунд нема да имаат повеќе разбирање кон играчите кои ќе сакаат само туку така да си заминат од клубот.
Пјер Емерик Обамејанг долго беше незадоволен бидејќи Борусија не му дозволуваше да замине, а на крајот потпиша за Арсенал, додека наместо него во Борусија пристигна Мичу Бачуаи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгиецот пристигна од Челзи, но по се судејќи ќе мора да биде мирен и да не размислува за можно напуштање на германскиот клуб.
„Следниот играч кој ќе се обиде да замине ќе има големи проблеми. Ако сака да замине, мора да замине на трибина. Ќе мора драстично да менуваме некои работи. Бевме шампиони 2011. и 2012. година, клубот е голем и поединци нема да можат да работат што сакаат“, истакна претседатело на клубот Ханс Јоаким Ватцке.
Инаку, освен Обамејанг порани на сличен начин клубот го напушти Осман Дембеле, кој заврши во Барселона.