Тренерот на Барселона, Роналд Куман сака по секоја цена да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, пренесува „Мундо Депортиво“.
Не е тајна дека Барселона го сака Ерик Гарсија, но Манчестер Сити нема да го пушти во јануари, па тој може да пристигне на лето како слободен агент.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Весникот тврди дека Каталонците имаат две веријантни за засилување на одбраната, Шкодран Мустафи од Арсенал и Рудигер од Челзи.
Двајцата оваа сезона не се во прв план во своите клубови, не добиваат голема минутажа и се спремни да ја променат средината во јануари.