Дома Трансфер зона Барса го сака Торес, алтернатива е ѕвездата на Челзи

Барса го сака Торес, алтернатива е ѕвездата на Челзи

Првата трансфер цел на Барселона во зимскиот преоден рок е напаѓачот на Манчестер Сити, Феран Торес.

Чави силно го посакува шпанскиот репрезентативец во јануари, бидејќи сака да го засили нападот, а и самиот играч сака да се врати во Шпанија.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Барселона веќе има комплетен договор со Феран Торес, но преговорите со Манчестер Сити се во застој. Каталонците нудат 45 милиони евра, додека „граѓаните“ бараат најмалку 60 милиони евра за слободата на напаѓачот.

Каталонските медиуми пренесуваат дека како алтернатива Барселона го сака Хаким Зијех, кој е спремен да го напушти Челзи бидејќи не е задоволен од својот статус.

Таквата ситуација сака да ја искористи Барселона, која веќе почнала преговори со Челзи за позајмица со право на откуп. Чави смета дека Мароканецот идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…