Eкипата на Кардиф која се натпреварува во Чемпионшип би можела да биде нова дестинација на македонскиот репрезентативец Енис Барди.
Како што стојат работите, Барди оваа зима најверојатно ќе го напушти Трабзонспор со оглед на тоа дека е ставен на трансфер листата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Опцијата која се споменува во турските и островските медиуми е дека Кардиф ќе го доведе Барди на позајмица до крајот на сезоната, но не е познато дали би постоела клазула за обврска за откуп.Во овој момент тренер на Кардиф е турскиот стратег Ерол Булут.
Се поврзуваше Барди и со Унион Берлин од Бундеслигата, но од тоа веројатно нема да има ништо.
Teknik direktörlüğünü Erol Bulut'un yaptığı Championship takımlarından Cardiff City, Trabzonspor'dan Enis Bardhi'yi istedi.#EnisBardhi #CardiffCity #Trabzonspor pic.twitter.com/Dx8whWumqZ
— Avare (@ts_avare) January 4, 2024