Дома Останати Кошарка НБА Бакси се вратија, изедначија на 2:2 во финалето! 🎥

Бакси се вратија, изедначија на 2:2 во финалето! 🎥

Mилвоки губеше со 2:0, но со последната победа успеа да дојде до 2:2 во финалето од НБА лигата против Феникс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бакси славеа во четвртиот натпревар до 109:103. Во финалето засега доминира домаќинот, откако Милвоки беше два пати поразен во Аризона, забележа две победи пред своите гледачи.

Феникс долго време водеше и изгледаше дека ќе дојде до третата победата и ќе води со 3:1. Сепак, иако водеа со 85:76 во третата четвртина тоа не се случи. Причината може да се бара во петтата лична грешка на Девин Букер кој беше исклучен во тој момент и од тогаш работите на теренот почнаа да се менуваат.

Букер и покрај тоа што порано го заврши натпреварот беше најефикасен на мечот со 42 поени, забележа уште две асистенции еден скок. Миделтон на спротивната страна ги водеше Милвоки со 40 поени, шест скока и четири асистенции. Антетокумпо го заврши натпреварот со дабл-дабл од 26 поени, 14 скокови и осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…