Италијанскиот „Скај Спорт“ пренесува дека Милан е многу блиску до комплетирање на трансферот на Тиму Бакајоко од Челзи.
„Скај Италија“ пренесува дека двата клуба се во поодминати преговори за трансфер на Бакајоко и се договараат последните детали.Имено, Бакајоко треба да пристигне на „Сан Сиро“ на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот играч за врска минатото лето пристигна во Челзи од Монако за 45 милиони евра, но не се вклопува во плановите на новиот тренер Маурицио Сари, кој му дозволил да си бара нов клуб.
23-годишниот фудбалер веќе се согласил да трансферира во Милано, па се очекува набрзо да го комплетира трансферот во редовите на седумкратниот европски шампион.
AC Milan are in talks to sign Chelsea midfielder Tiémoué Bakayoko on loan. He joined from Monaco for £40m last summer. (Source: @SkyKaveh) pic.twitter.com/DypOF4723g
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) August 7, 2018