Дома Трансфер зона Баерн ја затвори вратата за Роналдо, а за Хари Кејн…

Баерн ја затвори вратата за Роналдо, а за Хари Кејн…

Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан ја отфрли можноста за трансфер на Кристиано Роналдо во германскиот клуб.

Роналдо сега е слободен агент после раскинувањето на договорот со Манчестер Јунајтед, а во последните месеци се шпекулираше дека може да се пресели во Баерн Минхен.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Можам да потврдам дека тоа нема да се случи. Наша обврска беше да ја разгледаме можноста дали ќе ни одговара на нашата филозофија. Сите му се восхитуваме на Роналдо, но сметаме дека тој не одговара на нашите идеи“, изјави Кан, кој потоа проговори за Хари Кејн.

„Кејн е многу добар фудбалер, но не е единствен. Читав многу шпекулации за Кејн и други напаѓачи, но мислам дека не е добро да зборувам за играчи кои имаат договор со други клубови“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…