Дома Фудбал Германија Баерн мора да ја напушти Бундеслигата, следува сценарио за кое ќе сведочиме…

Баерн мора да ја напушти Бундеслигата, следува сценарио за кое ќе сведочиме…

Баерн во овој милениум, односно во последните 17 години, титулата во Бундеслигата ја освои 11 пати.

Доминација на петткратниот европски шампион периодично ја прекинуваа Вердер Бремен, Штутгарт, Волфзбург и Борусија Дортмунд, но во последните пет години Баерн Минхен делува несоборливо, па во актуелната сезона чекори кон шестата во низа титула.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Бундеслигата е прелесна за Баерн. Од година во фодина сум се поубеден дека Бундеслигата е полесна“, во разговор за Билд истакна некогашниот голман на Баварците, Оливер Кан, алудирајќи дека Бундеслигата константно ја губи атрактивноста.

„Ситуацијата од моето пензионирање не се промени значително. Чинам дека на Баерн во последните години му недостасува конкуренција. Во Бундеслигата не егзистира клуб кој би бил способен да го загрози. Така ќе биде се додека не се појави нова идеја“, заклучи легендарниот голман кој дресот на Баварците го носеше 14 сезони и запиша 632 настапи.

За Баерн нема друго освен да ја напушти Бундеслигата, вели Кан. Порано или подоцна, најдобрите европски клубови ќе создадат своја лига. Тоа е неизбежно сценарио, вели, за кое сите ќе сведочиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

УЕФА ја казни Хрватска

УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска за случувањата на натпреварот против Шкотска н…