Баерн Минхен на лето најверојатно ќе остане без Алфонсо Дејвис, па веќе ја започна потрагата по нов лев бек.
Прв на листата желби е ѕвездата на Милан и француски репрезентативец, Тео Ернандес, кој се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тео има договор со „росонерите“ до 2026 годин, а Милан не размислува за продажба и наскоро ќе му понуди нов договор.
Меѓутоа, Баерн нема да жали пари и наводно е спремен да понуди 80 милиони евра плус бонуси, сума на која Милан сигурно нема да остане имун.
Тео Хернандес од раководството побарал нов договор со повисока плата, па доколку не му бидат задоволени барањата ќе побара трансфер во Минхен.
📰 @CorSport: Alphonso #Davies is set to leave Bayern Munich. The Bavarian club could consider a €100m bid for #TheoHernandez. pic.twitter.com/NICf6kV5p4
— Milan Posts (@MilanPosts) May 7, 2024