Германскиот гигант, Баерн Минхен се договори со играчот за врска на Ајакс, Рајан Гравенберх, пренесува „Билд“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Гравенберх ги договори личните услови со Баварците и сака да се пресели на „Алијанц Арена“, па сега останува уште двата клуба да се договорат за обештетувањето.




Ајакс за 19-годишниот плејмејкер бара 35 милиони евра, додека Баерн понуди 25 милиони со вклучени бонуси за неговиот потпис.




Гравенберх има договоро со Ајакс до 2023 година и нема намера да ја продолжи соработката, па холандскиот клуб мора да го продаде на лето.




Поради тоа во Баерн веруваат дека Ајакс ќе се согласи на нивите услови и ќе може да го комплетира трансферот за 25 милиони евра.