Во натпреварот од квалификациите за Европското првенство помеѓу Португалија и Србија, Кристиано Роналдо заработи повреда и мораше да биде заменет уште во првото полувреме од натпреварот.
Роналдо сега се опоравува од повредата која ја заработи во тој натпревар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не сум загрижен, ниту исплашен за повредата. Ова е фудбал и се случуваат такви работи. Јас добро го познавам моето тело и верувам дека за две недели ќе биде целосно опоравен“, изјави Португалецот после тој натпревар.
Сега за повредата на Роналдо за италијанските медиуми зборуваше претседателот на Јувентус, Андреа Ањели. Италијанските медиуми ги интересираше дали Роналдо ќе може да настапи во првиот натпревар од Лигата на шампионите против Ајакс.
„Роналдо во овој момент е добро. Кога во прашање е неговото враќање на терен, наша среќа е што имаме 25 квалитетни фудбалери на кои можеме да сметаме. Секако дека кога тој е на теренот имаме дополнителната сигурност, но кога се работи за ваквите повреди не смееме да ризикуваме. Мораме да мислиме на периодот кој следи, не смееме да си дозволиме да ја уништиме сезоната, пред нас се важни натпревари“, изјави Ањели.
Сепак, со оглед на физичката подготвеност на Роналдо и неговата изјава не би било никакво чудо ако тој успее да се опоправи и да настапи во Амстердам.