Вечер на програмата се последните натпревари од 27-то коло на италијанската серија А, а сите очи секако ќе бидат вперени во дербито помеѓу Аталанта и Лацио.
Аталанта: „Атомски“ фудбал играат и оваа сезона!
Малку има зборови со кои би се опишале партиите на екипата од Бергамо во последните две сезоно. Имено, прво Аталанта минатата сезона стигна до историски пласман во ЛШ, па потоа успеаа да стигнат и до нокаут фазата и да ја елиминираат Валенсија и н крај да остварат неверојатен успех. Кога е во прашање серија А, избраниците на Гасперини моментално ја имаат четвртата позиција со шест бода повеќе во однос на РОма, па делува дека Аталанта повторно ќе се најде помеѓу најдобрите екипи во Европа. Аталанта на домашен терен досега изигра 13 натпревари и оствари седум триумфи, две реми и и четири порази, додека на гостувањата играат играат фантастично и имаат само еден пораз.
Лацио: Римјаните во поход за титула!
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Искрено, малку кој очекуваше дека фудбалерите на Лацио ќе играат толку добро оваа сезона. Имено, оваа екипа моментално се наоѓа на фантастичното второ место и имаат четири бода помалку во однос на првопласираниот Јувентус кој во опнеделникот стигна до важни три бода кај Болоња. Пред се треба да се истакне дека римската екипа е елиминирана од Лига Европа и од Италијанскиот Куп, па сега целосно можат да се посветат на серија А. Лацио има подобар меѓусебен скор од Јувентус и сигурно е дека имаат одлична шанса за историски успех оваа сезона.
Наш предлог
И едните и другите играат фантастично оваа сезона и според се, веруваме дека двата тима и наредната сезона ќе ги гледаме во ЛШ. Аталанта игра сезона од соништата, додека Лацио е во игра за шампионската титула. Овде очекуваме натпревар со многу голови и предлагаме 4+ со квота 2.40 во 1xBet.