Дома Трансфер зона Арсенал сака да го „украде“ Локатели пред носот на Јувентус

Арсенал сака да го „украде“ Локатели пред носот на Јувентус

Мануел Локатели е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот после Европското првенство.

Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 12 милиони евра.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Плејмејкерот го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација, притоа блесна на ЕУРО.

Јувентус веќе подолго време преговара со Сасуоло за трансферот на Локатели, но не сака да понуди повеќе од 30 милиони евра, додека клубот бара 40 милиони евра.

Таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал и да го „украде“ Италијанецот пред носот на „старата дама“, па веќе понудил 34 милиони фунти (40 милиони евра).

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…