Англиските медиуми пишуваат дека Арсенал ова лето нема да штеди пари, па на листата со желби на тренерот Микел Артета се наоѓа 25-годишниот Јури Тилеманс од Лестер




Цената на Тилеманс е околу 47 милиони евра, а тој оваа сезона одигра 28 меча и постигна шест голови и три асистенции за „лисиците“.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Арсенал е главен фаворит за неговиот потпис, но ќе има конкуренција од Реал Мадрид, па на „топчиите“ останува да се квалификуваат за Лигата на шампиони (ЛШ) ако сакаат да го добијат Белгиецот, кој игра за Лестер од 2019 година.




Тилеманс пристигна во екипата на позајмица до крајот на сезоната, по што беше откупен за 32 милиони фунти, а досега настапи на 154 меча за премиерлигашот.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!