Дома Фудбал Англија Арсенал без Казорла до крајот на сезоната!

Арсенал без Казорла до крајот на сезоната!

Фудбалерот на Арсенал, Санти Казорла ја заврши сезоната поради повредата на глуждот, пренесоа англиските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Санти Казорла се повреди во октомври минатата година, а откако по неколкуте операции рехабилитацијата не се одвиваше според планираното, клубот објави дека за него оваа сезона е завршена.

Шпанецот сезонава запиша само осум настапи во Премиерлигата. Медиумите повикувајќи се на извори од Арсенал објавија дека тој на терените ќе се врати во август, кога ќе започне новата сезона во Премиерлигата.

Иако е повреден Казрола доби понуда од Арсенал да го продолжи договорот на уште една година што значи дека тој во Лондон ќе остане до јуни 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Мбапе кажа дали ќе остане во Реал Мадрид по жестоките критики

Килијан Мбапе стави крај на шпекулациите околу својата иднина во Реал Мадрид, откако јасно…