Дома Трансфер зона Арда Туран се сели во Турција, но не во Галатасарај?

Арда Туран се сели во Турција, но не во Галатасарај?

Како што пренесуваат медиумите од Турција, Арда Туран би можел да се врати во Турција, но не во редовите на Галатасарај.

Арда Туран професионална кариера ја започна во Галатасарај. Шест години го носеше дресот на овој клуб, стана и капитен за во 2011 година да се пресели во реодвите на Атлетико Мадрид.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


После четири години поминати во редовите на „јорганџиите“ ја засили Барселона, но сепак на „Ноу Камп“ не успеа да се снајде.

Туран е се поблиску до заминвуање, оваа сезона не запиша ниту еден официјален настап за тимот на Ернесто Валверде, а најголем интерес за неговите услуги покажаа клубовите од неговата татковина.

Долго се пишуваше дека е на мета на Галатасарај, но според последните информации тој карирата ќе ја продолжи во тимот на Башакешир кој во овој момент е лидер во турското првенство.

Во овој момент не се познати никакви детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…