Дефинитивно нема по луди навивачи од оние на Бока Јуниорс и Ривер Плата.
Се и сешто ќе се случува во наредните денови во Буенос Аирес кога овие два ривали ќе ги играат финалните натпревари од Копа Либертадорес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И „обичните“ натпревари помеѓу овие два клуба секогаш се интересни, но што ќе биде сега кога играат за титулата најдобар во Јужна Америка?
Колку страствени се навивачите на овие клубови ни зборува и вчерашната ситуација во која еден навивач му ја запалил куќата на својот сосед кој бил фан на Ривер, после една расправија.
Сега ни пристигнува уште едно неверојатно нешто.
Фудбалерот на Зенит, Леандро Пардес како што тврдат аргентинските медиуми во натпреварот против Ахмат намерно заработил црвен картон за да го пропушти натпреварот за викендот на неговиот клуб. Погодувате – за да го гледа „суперкласико“ во Аргентина!
Пардес е дете на Бока, тој клуб е неговиот живот и секој навивач на било кој од овие два клуба ниту во лудило не би сакал да го пропушти ова финале во Копа Либертадорес.