Иако беше блиску до трансфер во Рома, се чини дека напаѓачот на Наполи, Милик е на пат кон Островот.
Полскиот репрезентативец не е во добри односи со Наполи и јасно е дека во клубот повеќе не сметаат на неговите услуги. Обидот за трансфер на Олимпико пропадна, па сега е многу блиску до преселба во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, интерес за Милик покажува Евертон, бидејќи Карло Анчелоти одлично ги познава неговите квалитети и сака да ја искористи шансата да го донесе во својот тим.
Евертон и Наполи се во добри односи после трансферот на Алан, па би можеле брзо да се договорат за трансферот на Милик, кој би требало да тежи 24 милиони евра.