Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти пре утрешното финале во ЛШ истакна дека неговиот тим не треба да ја потцени Борусија Дортмунд.
„Можеби ја имаме улогата на фаворит во финалето против Борусија, но успехот на Аталанта во финалето на Лигата на Европа против Баер Леверкузен е доволен аларм како предупредување за нас“, изјави Анчелоти.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Најважно е да им пренесам јасни идеи на моите играчи. Колку сум подиректен, толку помалку ќе бидат нервозни моите играчи. Ќе се посветам на тактичкиот аспект. Емоциите ќе дојдат подоцна, а секој ќе се справи со нив на свој начин во зависност од својот карактер. Ќе има негативни емоции пред мечот, но стравот е важен дел за да може добро да ги направите работите. Веќе го покажавме квалитетот и пожртвуваноста на нашиот тим. Тоа ќе бидат двете клучни работи утре“, додаде Италијанецот.