Дома Останати Кошарка Евробаскет Антиќ брилијатен, но недоволно за прв триумф на Звезда во Евролигата

Антиќ брилијатен, но недоволно за прв триумф на Звезда во Евролигата

Црвена Звезда загуби од Жалгирис со 78:76 во рамки на првото коло од Евролигата.

Тимот на нашиот Перо Антиќ одигра одлично во текот на целиот меч, и на крајот сепак не ги посака среќата со оглед на тоа дека Рочести ја имаше победата в рака. Тој не погоди за три поени во последниот напад за црвено-белите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Мечот беше неизвесен, а она што пресуди беше средината на последната четвртина и добрата игра на домашниот состав.

Антиќ блесна во дресот на Црвена Звезда и запиша 17 поени, 3 скока и 3 укради топки. На спротивната страна најпрецизен беше Јанкунас со 15 постигнати поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Вембањама имаше ноќ од соништата – најбрз дабл-дабл во историјата на кошарката (Видео)

Вембањама го разби Чикаго, му беа потребни осум минути за трипл-дабл, на крајот со 41 поен…