Дома Топ вести „Ансу, од која планета си?“ (ФОТО)

„Ансу, од која планета си?“ (ФОТО)

Насловната страна на каталонскиот „Спорт“ за неделното издание е резервирана за тинејџерот од Барселона, Ансу Фати.

Ансу Фати вчера беше стартер за Барселона против Валенсија и после седум минути игра постигна гол и запипа асистенција за Френки Де Јонг.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Фати со 16 години и 318 денови стана најмладиот играч во историјата на Ла Лига кој постигнал гол и асистенција во еден натпревар.

Што е за Барселона уште поважно, се изгледа дека Лионел Меси добива вистински наследник и дека Каталонците и во наредните години во своите редови ќе имаат фудбалер кој секогаш ќе биде помеѓу најдобрите, барем така изгледа засега.

„Ансу од која планета дојде“, стои на денешната насловна на „Спорт“.

Тинејџерот заслужено се најде на насловната страна, додека медиумите од Мадрид очекувано му посветуваа помало внимание.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Де Геа го брани младиот Кински: Тоа само голманите можат да го разберат…

Шпанецот Давид Де Геа изрази солидарност со младиот голман на Тотенхем, Антонин Кински, от…