Дома Македонски спорт Андонова се повреди, Македонија поразена од Луксембург

Андонова се повреди, Македонија поразена од Луксембург

Женската фудбалска репрезентација на Македонија не успеа да врзе две победи во низа откако во Охрид бевме поразени од Луксембург со 2:3.

Лукембург преку Абреу дојде до водство уште во осмата минута. До изедначување стигнавме во 21. минута, погоди Рочи. Клучниот момент на натпреварот можеби се случи во финишот од првото полувреме кога се повреди нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Без Андонова во второто полувреме не бевме истата репрезентација. Луксембург два гола постигна во 62. и 67. минута. Втор гол постигна Марекс Абреу, а третиот гол беше дело на Тил.

Во 90. минута Павлинка Николовска изведе еден одличен слободен удар од поголема далечина и ги постави конечните 2:3. Имавме голема шанса во завршницата кога ја погодивме и пречката. За Македонија ова е трет пораз во четирите натпревари, во минатото коло ја победивме Летонија на гости.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пол се налути и објасни зошто Тајсон го промашувал во борбата

Популарниот јутјубер Џејк Пол пред неколку дена го победи на поени легендарниот Мајк Тајсо…