Дома Македонски спорт Англија ќе ја пречекаме на „тепих“: Се работи на новиот терен на Арената 📸

Англија ќе ја пречекаме на „тепих“: Се работи на новиот терен на Арената 📸

Фудбалската федерација на Македонија до крајот на оваа седмица ќе ги заврши започнатите активности од проектот за поставување целосно нова, хибридна подлога на теренот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Хибридната трева од најновата генерација е поставена на Националната арена по околу еден месец  работа, која опфати отстранување на претходната трева, поставување на новата подлога и целосно нов систем за одржување и наводнување на тревникот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Драго ми е што ќе ја видиме Националната арена „Тодор Проески“ во ново руво. Ова е уште еден доказ дека инвестициите во инфраструктурата се фундаментален дел од нашиот пристап кон развојот на македонскиот фудбал. Фудбалската федерација на Македонија помага и ќе помага и во иднина, наша обврска е да инвестираме во инфраструктурата која е основа на успехот на нашиот фудбал“. 

„Би сакал да им се заблагодарам и на одговорните во Јавното претпријатие кое стопанисува со Националната арена за реализацијата на овој проект. Фудбалот и репрезентацијата ова го заслужуваат. Со нетрпение го очекуваме претстојниот натпревар против Англија на новата трева на Националната арена и верувам, пред полни трибини за поддршка на македонската репрезентација“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сједини

На новиот тревник, најпрвин се работеше на поставување на вештачката површина, а потоа следуваше сеење на тревата, чии корени потоа се поцврсти и поиздржливи. Природната трева создава густина и компактност, поради што во сезоната на најсилна вегетација разликата е практично невидлива. Во сезоната на најслаба вегетација, односно во декември, јануари и февруари, односот е приближно 70-30 во корист на природната трева, додека во сезоната на полна вегетација, односот се зголемува. Поставувањето на хибридна подлога би можело да биде ефикасно решение, се разбира доколку правилно се одржува и се искористува на пропишанот начин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Перез: Родри ја заслужи „Златната топка“, но не оваа година

Иако Реал Мадрид беше убеден дека Винисиус ќе ја добие „Златната топка“, таа заврши во рац…