Дома Фудбал Англија Англиските новинари го избраа фудбалерот на сезоната во Премиер лигата

Англиските новинари го избраа фудбалерот на сезоната во Премиер лигата

Фил Фоден е играч на сезоната во Премиер лигата во изборот на англиската асоцијација на новинари.

Англискиот репрезентативец освои 42% од гласовите меѓу скоро 900 членови од здружението. Главни конкуренти на Фоден му беа Даклан Рајс од Арсенал и неговиот соиграч од Манчестер Сити, Родри.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Подолу на листата завршија Кол Палмер од Челзи, Оли Воткинс од Астон Вила и Мартин Одегард од Арсенал.

Сезонава Фоден одигра 48 натпревари во кои постигна 24 гола и подели десет асистенции. Оваа награда во минатата сезона ја освои Ерлинг Халанд, а за 23-годишниот Фоден ова е прва ваква во кариерата.

Во женска конкуренција наградата ја освои Бани Шо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Томас Тухел откри како Англија ја совлада Србија: Сѐ очекувавме и без изненадувања!

Англија ја декласираше Србија со 5:0 на стадионот „Рајко Митиќ“ пред 40.000 гледачи. По ов…