Словенското чудо Лука Дончиќ е трет по бројот на гласови за „Ол Стар“ веднаш позади Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо.
Фантастичниот кошаркат на Далас прави „чуда“ во НБА оваа сезона, миленик е на навивачите, па не е чудо што доби повеќе од 3 милиони гласови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, некогашната ѕвезда на НБА, Трејси Мекгреди смета дека Дончиќ не заслужува да има повеќе гласови од Стеф Кари, но ни повеќе од играчи како Дурант и Харден.
„Ова е непочитување за целото гласање. Не е ова непочитување само за човекот кој промени една ера во кошарката Стеф Кари, туку и прека Данкан и Харден. Дали се шегувате? Не велам дека Дончиќ не треба да биде на Ол Стар, но не пред овие момци. Тоа е бесмислено“, изјави Мекгреди.