Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Амбасадарот на Македонија во Романија: Посакувам успех и победа, нека играат како досега и успехот е на повидок!

Амбасадарот на Македонија во Романија: Посакувам успех и победа, нека играат како досега и успехот е на повидок!

Стефан Даскалов за Спортски од Букурешт

Во големиот број поранешни спортисти кои ја следат Македонија во Букурешт има и луѓе кои не се во облаата на спортот, но сепак се тука да навиваваат и да дадат поддршка на Македонија.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Еден од нив е и амбсадарот на Македонија во Романија Габриел Атанасов, денес имавме прилика со него да разговараме на една убава спортска тема и очекувањата од Македонија за следниот натпревар со Украина.

„Јас искрено, посакувам успех, посакувам победа, тоа е нешто кое сите навивачи го посакуваат. Да дадат максимум, да играат добро како што тоа го прават и досега, па така и успехот би бил на повидок“.

„Натпреварот со Австрија го следев со големо задоволство, според мене прикажавме многу добро игра посебно во првото полувреме. Навистина бевме добри и постигнавме гол, потоа во второто полувреме можеби малку падна и силата и временските услови беа такви. Меѓутоа и Австријците беа тактички добри, но мислам дека во еден период и нашите беа подобри“.

Како и многу други и тој не остана рамнодушен на навивачите на Македонија кои овие денови се главна атракција во Бкурешт.

„Навистина е убаво, се пеат песни, се навива, се дава поддршка на нашата репрезентација. Се е во границите на дозволеното, па нема никакви проблеми. Како што кажав сликата навистина е прекрасна“, ни изјави амбасадарот Атанасов.

И претходно за романската телевизија „ПРО ТВ“ тој испрати порака за поддршка на нашите фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Ливерпул започна со работа на привлекување на дефанзивец

Ливерпул започнал преговори со Кристал Палас за привлекување на Марк Геи, тврди “Атл…