На Твитер вечерва се појавија фотографии од Сане како потпишува договор со Баерн и се слика во дресот на германскиот првак.
Баерн на својата официјална страна се уште не потврдил дека Сане потпишал за клубот, па настана вистинска забуна кога на Твитер се појавија фотографии на Германецот во дресот на баварскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На многумина им беше чудно како фотографиите излегле во јавност, а Баерн се уште не го потврдил трансферот. Меѓутоа, Билд објасни до како дошло до таа аматерска грешка.
Имено, фотографиите ги објавиле од арапската страна на Баерн, а поради тоа челниците на клубот биле бесни. Фотографиите биле брзо избришани, но веќе било доцна бидејќи се прошириле на социјалните мрежи.
Наводно, планот на Баерн бил овој трансфер да биде претставен утре.
Bayern Munich’s Arabic website have posted confirmation of Leroy Sané’s move from Man City, which has now beenn deleted. Club are unhappy at the leak and are now contemplating making the transfer official earlier than originally planned. (Source: BILD) pic.twitter.com/ck8c1JCfDD
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 2, 2020