Дома Македонски спорт Мак ракомет Алушовски: Флензбург го победивме, но секој меч во ЛШ е приказна за себе

Алушовски: Флензбург го победивме, но секој меч во ЛШ е приказна за себе

Утре Вардар ќе го игра натпреварот против Порто во Лигата на шампионите, а пред овој меч за медиумите зборуваше и тренерот Стефче Алушовски.

„Атмосферата е на високо ниво, убаво е кога ќе победите тим како Флензбург. Работевме и го анализиравме Порто, тоа е екипа која е во добра форма и посебно добро знае да одигра во играта 7 на 6. Ако бидеме подготвени имаме големи шанси одново да славиме во Скопје. На претходниот натпревар победивме, но секој натпревар е приказна за себе. Ние ќе бидеме максимално претпазливи, момците се фокусирани, останува да се договориме што како треба и да излеземе да се обидеме да дојдеме до втора побеа. Лесно нема да биде, но ова е Лига на шампиони и секој меч е тежок“, изјави Алушовски.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Натпреварот помеѓу Вардар и Порто се игра утре во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Поранешна ракометна репрезентативка вмешена во криминал со вадење лични документи!

Поранешна истакната македонска ракометарка од Скопје, заедно со двајца полициски службениц…