Двократниот шампион, Фернандо Алонсо ќе ја пропушти трката низ улиците на Монако за да се испроба во Индикар серијата и тоа на легендарната Индијанаполис 500.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Па Мекларен Хонда треба да најде замена за Шпанецот за најпрестижната трка од Ф1 калиндарот.
Џенсон Батон беше прв фаворит со оглед на тоа дека се уште е под договор со Мекларен, и тимот од Вокинг токму ова го потврди попладнево.
„Задоволен сум што одново ќе седнам зад воланот и тоа во Монако” – вели Батон.
„Физички сум подготвен, редовни вежбам триатлон, па немам никакви грижи од овој аспект”.
„Убаво ќе биде да им кажам здраво на сите мои пријателин во Формула 1, и се надевам дека на фановите ќе им дадам причина за радост”.