Дома Фудбал Лига на шампиони Алегри: Штета што не победивме, но имаме добри шанси

Алегри: Штета што не победивме, но имаме добри шанси

Во прекрасен натпревар Јувентус и Тотенхем одиграа 2:2 и одлуката за патникот во четврфиналето ќе падне во Лондон.

Јувентус рано дојде до водство со 2:0 со головите на Игуаин, но Кејн и Ериксен подоцна постигнаа голови за конечни 2:2 и сега дефинитивно се е отворено.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Беше тоа добар натпревар, Јуве направи неколку грешки, но главно поради притисок. Буфон имаше добри одбрани, имавме прилика да зголемиме на 3:0. Знаеме дека ќе имаме проблеми, но ќе се обидеме да победиме во реваншот.“ – рече Алегри и додаде:

„Премногу се опуштивме при резултат 2:0, но и Тотенхем играше добро и покажаа дека не случајно се меѓу 16 најдобри. Штета што не победивме, но и натаму имаме добри шанси за четвртфинале.“

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барселона со нов чекор кон привлекувањето на Бастони

Барселона направи уште еден чекор кон привлекувањето на централниот бек на Интер, Алесандр…