За првпат после сезоната 2010/2011 Јувентус ќе заврши една сезона без освоен трофеј откако вчера во финалето на Купот на Италија „старата дама“ претрпе пораз од 2:4 после продолженија.




Во текот на продолженијата стратегот на Јувентус Масмилијано Алегри заработи исклучување после еден дуел со асистентот на Инзаги, Масимилијано Фарис. Алегри после натпреварот се пожали дека некој од клупата го удрил.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Некој од клупата на Интер ме удри. Тогаш станав бесен и судијата со право ме исклучи. Сепак и да се дознае што се случуваше тоа ништо нема да промени, му честитам на Интер за победата. Сезоната ја завршуваме без освоен трофеј и таа лутина треба да ја чуваме за следната сезона кога ќе мора да се вратиме на освојување“, изјави Алегри.




Ќе потсетиме Јувентус во Лигата на шампионите беше елиминиран од Виљареал во осминафиналето, а во Серија А сезонава не успеа да влезе во сериозна битка за Скудетото.