Дома Фудбал Италија Алегри пред дербито: Не очекува тежок натпревар, ова ќе биде голем тест за нас

Алегри пред дербито: Не очекува тежок натпревар, ова ќе биде голем тест за нас

Во рамките од италијанската Серија А утре се игра големото дерби помеѓу Наполи и Јувентус.

Пред овој натпревар за новинарите зборуваше тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри кој е сигурен дека неговиот тим во Неапол го очекува тежок натпревар.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Алегри беше запрашан и за состојбата на Игауин кој ќе го пропушти овој натпревар.

„Игуаин би можел да игра, но нема смисла да ризикувам со него. Ќе видиме како ќе се чуствува утре. Не знам кој ќе игра во нападот имам само три офанзивци во нападот, Даглас Коста, Манџуќиќ и Дибала. Лихштајнер не е на располагање. Квардадо и Бернардески би требало да бидат спремни“.

Наполи?

„Играат навистина одлично, ова ќе биде голем тест за нас пред натпреварот против Олимпијакос во кој мораме да го обезбедиме осминафиналето во Лигата на шампионите. За да го победиме Наполи мораме да одиграме на високо ниво. Оној кој ќе направи помалку грешки ќе има поголеми шанси за победа“, изјави Алегри.

Натпреварот се игра со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Велс не го кријат задоволството: Докажавме дека сме многу подобри од Македонија!

Македонската репрезентација доживеа вистински фијаско на гостувањето во Велс, загубувајќи …