Масимилијано Алегри се врати на кормилото на Јувентус по две години, а веќе го испрати и првото барање за летниот преоден рок.
Тоа што му недостигаше на тимот сака да го поправи Алегри, кој веќе испратил барање да се купи Мануел Локатели.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алегри одлично го познава Локатели, зашто го тренираше додека беше во Милан и го внесе во првиот тим да тренира заедно со Кака и Монтоливо.
Италијанскиот репрезентативец зад себе има добра сезона, а неодамна покажа желба да игра и во Лигата на шампиони, додека Сасуоло за него бара околу 40 милиони евра.
Локатели е способен да покрие голем дел од теренот, а во минатата сезона постигна четири голови, но на секој меч во просек имаше по 82 успешни додавања.