Maсимилијано Алегри застана во одбрана на во овој момент првата ѕвезда на Јувентус, Паоло Дибала.
Очекувано, Дибала ужива огромна доверба кај Алегри, иако промашуваше пенали на последните два натпревари, а со тоа „старата дама“ изгуби четири бодови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секогаш е потребно да пронајдете рамнотежа помеѓу она што го посакувате и она што навистина се случува. После првите неколку кола го споредувавте со Меси, а сега од еднаш не ви одговара затоа што промашил два пенали. Ова се нормални моменти во развојот на еден голем играч каков што е Паоло“, изјави Алегри.
Потоа ги потсети италијанските новинари дека самите си паѓаат во „замка“ кога известуваат за Дибала.
„Сите грешите во врска со него бидејќи после хет-трикот против Сасуоло премногу го воздигнувавте, а потоа го фрливте во депрасија после натпреварот против Лацио. Јас го гледам на друг начин и знам дека е силен и психички и физички. Ќе биде се во ред“.
За крај Алегри потврди дека Дибала и понатаму ќе биде прв изведувач на пеналите.
„Ме прашувате дали Дибала ќе продолжи да ги изведува пеналите? Секако! Тоа апсолутно нема да се промени“, заврши Алегри.