Дома Трансфер зона Изненадување: Дибала може да се пресели во Премиер лигата и тоа овој месец!?

Изненадување: Дибала може да се пресели во Премиер лигата и тоа овој месец!?

Според последните информации кои пристигнуваат од Островот, Паоло Дибала во зимскиот преоден рок би можел да го засили Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанските медиуми пренесуваат дека лондонскиот клуб е заинтересиран да го доведе Аргентинецот кој во својот договор има клазула од 12 милиони евра која не важи само за клубовите од Серија А.

Дибала во Рома пристигна како слободен играч, па така побара во неговиот договор да има клазула која лесно ќе може некој клуб да ја плати. Клазулата важи до 15-ти јануари, па така Челзи ако е навистина заинтересиран нема многу време.

Маурисио Покетино има пролбеми во нападот, Николас Џексон и Армандо Броја не се на потребното ниво, додека Кристофер Нкуку повторно е повреден и ќе паузира три месеци.

Дибала би можел да биде решение, иако не е класичен напаѓач. За Рома во досегашниот дел од сезоната постигна шест голови и додаде исто толку асистенции на 17 натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…